Карлос Саинц од денес ја збогати својата кариера со нова титула на релито Дакар. Заедно со својот совозач Лукас Круз, Шпанецот успеа да стигне до уште една голема победа.
За шпанското дуо ова е трета титула во натпреварувањето, по победите кои ги остварија во 2010 и 2018 година.
Денешната последна етапа Карлос Саинц ја заврши на третата позиција, со скоро четири минути заостанување зад победникот Насер Ал-Атијах, но успеа да ја задржи првата позиција во генералниот пласман. Шпанскиот возач постави нов рекорд како највозрасен победник на релито Дакар со 57 години.
На втората позиција во генералниот пласман заврши Насер Ал-Атијах, додека место на подиумот имаше уште за Стефан Петерхансел од Франциа.