Една од ѕвездите на Торонто репторс, Каваи Леонард, сериозно ќе ја разгледа опцијата за транзицијата во екипата на Бруклин Нетс, но најрано во летото следната година. Тогаш Леонард ќе добие статус на неограничен слободен агент.
Леонард е импресиониран од фактот дека во Бруклин има многу луѓе со кои беше дел од Сан Антонио Спарс и сега би сакал повторно да се обидат заедно во нова средина. Исто така, Филаделфија има реални шанси да тргне по него. Претходно, пак, беше објавено дела Леонард има намера да потпише договор со еден од двата тима од Лос Анџелес.