Младиот возач на Мерцедес, Кими Андреа Антонели победи на третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Италијанецот беше најбрз на трката за ГН на Јапонија која се возеше на патеката „Сузука“. Со оваа победа Антонели го презеде врвот во поредокот пред принудната пауза од пет недели.
Антонели имаше катастрофален старт, иако почна од пол-позицијата. Веднаш на стартот падна дури до седмото место, па мораше да се пробива за да стигне до врвот. Трката добро ја почнаа Оскар Пиастри и Шарл Леклер кои излегоа пред двата болиди на Мерцедес, а на крајот завршија и на подиумот. Клучниот момент на трката се случи вп дваесеттиот круг кога дел од возачите веќе променија гуми, а Оли Берман излета и мораше да влезе безбедносно возило. Од тоа најмногу профитираше Антонели и на крајот изби на врвот и стигна до убедлива победа.
Второто место му припадна на Оскар Пиастри кој доцнеше цели 14 секунди. Австралиецот не беше загрозен од конкуренцијата, иако Леклер заврши секунда и половина зад него. Возачот на Ферари едвај го издржа налетот на Џорџ Расел за последното место на подиумот. Бодови уште освоија Ландо Норис, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Макс Верстапен, Лиам Лосон и Естебан Окон.
Во генералниот пласман Антонели е на врвот со 72 бода, а Џорџ Расел е втор со 63. Оваа предност Италијанецот ќе ја има најмалку пет седмици, бидејќи во април се откажани двете трки на Блискиот Исток во Бахреин и Саудиска Арабија, па следната е на 3 мај во Мајами.

