Кениецот Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон по победата на најдолгата дисциплина во Берлин со време од 2:01.40. Кениецот го урна претходниот рекорд на Денис Кимето, кој во 2014 година истрча за 2:02.57.
„Не можам да го опишам денов. Навистина сум среќен што сум светски рекордер. Не беше воопшто лесно. Ја истрчав својата трка и верував на советите на тренерите, а тоа ме однесе до целта“ – рече Кипчоге.
Патеката во Берлин важи за една од најбрзите за маратон во светот. Тоа го потврдува и фактот што 8 од 10-те најбрзи резултати се постигнати токму на овој маратон.