Фернандо Алонсо може да влијае на одредени рокади во екипите во Формула 1. Шпанецот кој добива плата од 40 милиони евра во Мекларен може да биде ослободен од обврските доколку британскиот тим не излезе од лошата финансиска состојба.
Според шпанскиот печат, Алонсо може да се пресели во Рено а неговото место да го преземе Валтери Ботас од Мерцедес. Германците сакаат да привлечат поголема ѕвезда која ќе му биде партнер на Луис Хамилтон.
Соодветна опција за тоа е Даниел Рикардо. Неговиот договор со „Red Bull“ истекува на крајот на сезоната а Австралиецот сака да вози добар болид и да се бори за титулата.