Jапонецот, Рјоју Кобајаши, доминираше и во вториот ден предвиден за натпревари во ски-скови во зимскиот центар – Сапоро кои се бодуваат за Светскиот Куп.
Домашниот претставник успеа да ја забележи 34-та победа во кариерата откако прескокна 132 и 137 метри. Мариус Линдвик од Норвешка заврши на второто место (136,0 и 131,0 метри) додека неговиот сонародник, Јохан Андре Форфанг, беше трет со скокови од 129,0 и 136,0 метри.
Во генералниот пласман води Австриецот, Даниел Шофених, пред Јан Хорл и Крафт. Ски-скокачите сега ќе се насочат кон Светското првенство кое ќе започне на 26 февруари во норвешкиот Трондхајм.

