Поранешниот Ф1 возач, Хуан Пабло Монтоја, очекува да има жестока битка меѓу возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. Двајцата се крајно мотивирани да ја запрат доминацијата на Макс Верстапен.
„Мислам дека нивната борба би можела да стане грда кон крајот на годината особено ако имаат водство и тимот им дозволува да се натпреваруваат еден против друг“ – рече Колумбиецот.
Мекларен со новото возило дефинитивно се наметнува како главен конкурент за освојување на титулите кај возачите и конструкторите.

