Првиот човек на светската атлетика, Себастијан Коу, по скандалот со ШаКари Ричардсон од САД, најави дека треба да се разговара за правилата за употреба на канабисот во спортот.
Познато е дека Американката која се вбројуваше меѓу фаворитите на спринтот на 100 метри, мораше да ги пропушти Олимписките игри во Токио поради позитивен тест. Ричардсон која беше осудена на еден месец, рече дека пушела марихуана под влијание на емоциите по смртта на нејзината мајка.
„Треба повторно да ги разгледаме правилата. Жал ми е за ШаКари. Олимпијадата изгуби еден од најголемите таленти. Сигурен сум дека таа ќе го надмине тоа што се случи“ – вели Коу.