Претседателката на ИОК, Кирсти Ковентри, нагласи дека спортистите не треба да бидат одговорни за одлуките на нивните влади но, мораат да живеат според олимписките вредности.
„Не можеме да ги контролираме постапките на владите но, можеме да контролираме што се случува на терените. Верувам дека на тоа треба да се фокусираме првично“ – рече Ковентри алудирајќи на допингот.
„Спортистите треба да имаат целосна доверба дека сите се чисти и дека условите за играње се фер за сите“ – додаде Ковентри.

