Кошаркарите на Кливленд се пласираа во големото НБА финале, откако во „мајсторката“ на гости го совладаа Бостон со 87:79. Повторно неверојатен меч одигра Леброн Џејмс, кој средбта ја заврши со 35 поени, 15 скока и 9 асистенции, а на паркетот остана во текот на сиот меч – 48 минути.
Одлично издание имаше и Џеф Грин кој беше голема помош за Џејмс и постигна 19 поени во победата која ги однесе Кавс во финалето. Кај домашните, кои мечот го завршија тотално разочарани, Тејтум постгна 24 поени, додека Хорфорд финишираше со 17.
Во големото финале, кошаркарите на Кливленд го чекаат подобриот од седмиот решавачки меч меѓу Хјустон и Голден Стејт кој е на програмата вечерва.