Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен го комплетираше одличниот викенд со двојната победа во слалом трките во Гармиш-Партенкирхен. Тој денес дојде до својата втора победа во Светскиот куп.
27-годишниот Норвежанец ги искористи пролетните услови за да постигне победничко време од 1:52.66 минути. Ова е првпат оваа сезона машки скијач да победи на две трки во слалом во Светскиот куп.
Британецот Дејв Рајдинг, кој изненади со победата во Кицбил минатиот месец, направи одлична втора трка и го освои второто место со заостанување од 0,35 секунди, додека локалниот фаворит Линус Штрасер од Германија заврши на третото место со задоцнување од 0,47 секунди.