Олимпискиот шампион и двократен освојувач на Стенли Купот, Јаромир Јагер, објави дека нема да ја продолжи професионалнате кариера.
54-годишниот хокеар беше избран како петти на драфтот на НХЛ во 1990 година од Питсбург. Тој освои два Стенли Купа во 1991 и 1992 година и успеа да се пробие на второто место зад Вејн Грецки (Канада) по вкупниот број на поени во лигата.
Со селекцијата на Чешка освои злато и бронза на Олимписките игри а два пати беше и светски шампион.

