Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 во вториот натпревар од финалето на Западот. Ентони Дејвис е херојот на Лос Анџелес Лејкерс затоа што погоди тројка за да победи со звукот на сирената.
Екипата од Колорадо успеа да влезе во последните секунди со поен предност 9103-102) и да го одбрани првиот напад на Лејкерс, но топката остана во посед на противникот бидејќи Мареј го блокираше Грин. На две секунди до крајот, Пламли го остави Дејвис без одбрана, а тој непречено погоди тројка за победа бр. 2 на Лејкерс.
Јокиќ натпреварот го заврши со 30 поени, шест скока и девет асистенции. Го следеше Мареј со 25, додека Портер додаде 15. Кај „езерџиите“ Дејвис беше најефикасен со 31 поен, а Леброн имаше 26 со 11 скока и четири асистенции.

