Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Леклер доминантен во Австралија на патеката „Алберт Парк“
    Меѓународен микс

    Леклер доминантен во Австралија на патеката „Алберт Парк“

    risteBy riste10/04/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шарл Леклер ја потврди својата врвната форма, но и подготвеноста на својот болид и победи на трката за ГН на Австралија. На патеката „Алберт парк“, возачот од Ферари доминантно стигна до победата, со одлично возење без ниту една грешка, а со најбрзиот круг на трката освои и дополнителен бод.

    Неговиот главен конкурент Макс Верстапен мораше предвреме да ја заврши трката поради проблеми со болидот, но и покрај тоа не беше конкурентен.

    По откажувањето на Верстапен, втората позиција му припадна на тимскиот колега Серхио Перез, додека до подиум стигна возачот на Мерцедес, Џорџ Расел кој дојде до првиот подиум во новиот тим оставајќи ги сонароднаците Луис Хамилтон и Ландо Норис зад себе. Шестото место му припадна на Рикиардо, а во топ десет се пласираа уште Естебан Окон, Валтери Ботас, Пјер Гасли и Алекс Албон.

    Во генералниот пласман по три трки очекувано е Шарл Леклер со 71 бод, на втората позиција се наоѓа Џорџ Расел со 37, додека трет е Карлос Саинц. Шампионот Верстапен остана на 25 поени од победата во Џеда, бидејќи ова беше негово второ откажување сезонава.

    Следната трка е за две недели, а се вози за ГН на Емилија Ромања во Имола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Хорнер: Макс е неверојатен возач

    30/03/2023

    ФИА ќе направи промени во големината на стартните боксови

    29/03/2023

    Расел: ќе биде интересно во Мелбурн

    28/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.