Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја освои втората пол-позиција во серија во Ф1 шампионатот откако беше најбрз на патеката во Баку.
Веднаш до него се наредија: актуелниот шампион Луис Хамилтон (Мерцедес), Макс Верстапен (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алфа Таури). Денешните квалификации за Големата награда на Азебрејџан беа хаотични и донеса неколку инциденти, но, без сериозни псоледици по инволвираните.
В пресрет на утрешната трка, води Верстапен со 105 бодови пред Хамилтон со 101 и Норис од Мекларен со 56 бодови. Во конкуренција на конструктори, лидер е Ред Бул со 149 бодови пред Мерцедес со 148.