Пилотот на Заубер, Чарлс Леклер, кој ќе вози за Ферари следната сезона, ќе биде најмлад пилот кој се појавил во болид на италијанскиот тим од 1961 година. Рекордот се уште го држи мексиканскиот пилот Рикардо Родригез, која првпат седна зад воланот на Ферари во 1961 година на возраст од 19 години и 208 дена.
Покрај тоа, Леклер ќе биде и најмалку искусниот пилот на „Скудерија“ од деновите на Жил Вилнев, кој се пресели на Маранело по една Гран При трка во неговата кариера.
За трансферот на Леклер во Ферари стана јасно денеска, откако и Кими Раиконен го објави заминувањето во Заубер следната сезона.