Возачот на Ферари Шарл Леклер, ќе вози со поесбна кацига во Јапонија која ќе биде посветена на неговиот тимски колега, Жил Бјанки.
Поранешниот возач во Ф1 почина во 2015 година откако доживеа фатална несреќа на патеката – Сузука. Французинот му бил близок пријател и кум на Леклер.
„Толку многу спомени што никогаш нема да ги заборавам. Ми недостигаш и ќе направам се што е можно за да ја донесам оваа кацига на највисокото скалило на подиумот в недела“, напиша Леклер