Возачот на Ферари Шарл Леклер ќе тргне од пол-позицијата на утрешното гран-при во Монте Карло. Шарл Леклер имаше подобро време од својот клупски колега Карлос Сајнц, додека од вториот ред ќе стартуваат двата болида на Ред Бул управувани од Перез и Верстапен.
Леклер дојде до својата 14-та пол-позиција во кариерата, но последната трета рунда од квалификациите заврши предвреме по инцидент пред тунелот, каде Серхио Перез од Ред Бул се изврте и го закачи Сајнц, па најбрзиот круг на Леклер уште на почетокот од сесијата се покажа како недостижен во битката за пол-позцијата.
Возачот на Ферари имаше време од 1:11,376 минути, нешто помалку од три десетинки побрзо од Сајнц кој имаше време 1:11,601, додека Перез заврши како трер со 1:11,629. На четвртото место е светскиот првак Макс Ферстапен, кој имаше време 1:11,666 минути.


