Возачот на Ферари, Шарл Леклерк, ќе тргне од пол позицијата на трката за ГН на Азербејџан која ќе се вози во Баку.
Во денешните квалификации Шарл Леклерк имаше време 1.41.395 минути и беше подобар за 0.282 секунди од Серхио Перез од Ред Бул, додека третото место му припадна на актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул кој зад Леклерк заостана 0.348 секунди.
Четвртото место му припадна на Карлос Сајнц од Ферари, а меѓу најдобрите десет беа Џорџ Расел (Мерцедес), Пјер Гасли (АлфаТаури), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (АлфаТаури), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Фернандо Алонсо (Алпин).
Трката за Големата награда на Азербејџан се вози утре (недела) од 13:00 часот.

