Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, стигна до третата пол-позиција по ред во Формула 1 шампионатот и на трката за ГН на Сингапур ќе стартува од лидерското место.
Леклерк имаше најдобро време од 1:36.217 секунди и заврши пред актуелниот првак Луис Хамилтон од Мерцедес. Третата позиција му припадна на клупскиот колега на Леклерк, Себастијан Фетел од Ферари.
Од четвртата позиција ќе тргне Макс Верстапен, а потоа следат Валтери Ботас, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг, Нандо Лорис…
Трката за ГН на Сингапур се вози утре (недела) од 14:10 часот.