Норвежанецот Мариус Линдвик победи на третото натпреварување од новогодишната турнеја во скијачки скокови – „Четири скокалници“ и е во трка за титулата на ова традиционално натпреварување. По триумфот во Гармиш Партенкирхен, Линдвик славеше и денес во Инсбурк.
Норвежанецот досега немаше ниту една победа во Светскиот Куп, сега веќе има две победи во последните две натпреварувања, а за тоа денес му беа доволни скокови од 133 метри во првата и 120 метри во втората серија, со што го освои првото место во Инсбрук. Второто место му припадна на Давид Кубацки од Полска, а третопласиран заврши Даниел Андре Танде. Јапонецот Роју Кобајаши беше најголемо разочарување денес со освојувањето на 14-тото место.
Пред последната новогодишна станица во Бишефсхофен, лидер во генералниот пласман е Кубацки со 830,7 бода, пред Линдвик со 821,6, Гајгер со 817,4 и Кобајаши со 817 бода.