Синоќа беше одржан 56. Супербоул спектакл, а Лос Анџелес Ремс успеа да дојде до трофејот откако го совлада Синсинати Бенгалс со 23-20 и така по вторпат стигна до најважниот трофеј во САД, а тоа е пехарот Винс Ломбарди.
ЛА Ремси одлично го отворија натпреварот и дојдоа до голема предност од 13:3. Сепак, Синсинати Бенгалс имаа добар период и веднашодговорија и успеаа да го намалат резултатот на 13:10. Потоа следуваше целосен пресврт на резултатот и Синсинати поведе со 13:17, а стигнаа и до водство од 13:20.
Сепак во клучната четвртина квалитетот на ЛА Ремси дојде до израз и на една минута до крајот направија нов пресврт и предност од 23:20. Синсинати имаше неуспешен обид во последниот напад, а тоа значеше дека престижниот трофеј ќе заврши во рацете на играчите на Лос Анџелес Ремс.