Макс Верстапен од тимот на Ред Бул победи на првата трка по пауза од 36 години која што се возеше за ГН на Холандија, а која беше 13-та во Ф1 шампионатот оваа година.
Холанѓанецот успеа да ги израдува своите симпатизери на домашен терен, на патеката „Зендворт“, каде всушност ја оствари својата седма победа сезонава, а 17-та во кариерата. Неговиот најголем конкурент за титулата Луис Хамилтон од Мерцедес го освои второто место со заостанување од 20 секунди, но битејќи Хамилтон го имаше најбрзиот круг на трката ќе добие дополнителен бод. На подиумот место имаше и за Валтери Ботас од Мерцедес.
https://twitter.com/F1/status/1434525291532234752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1434525291532234752%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Favto-moto%2Fverstapen-dominanten-na-domashen-teren-go-prezede-vodstvoto-vo-generalniot-plasman
По денешниот триумф, Макс Верстапен го презеде водството во генералниот пласман и сега има 224,5 поени, три повеќе од Луис Хамилтон. Формула 1 шампионатот ќе продолжи следната недела со трката за ГН на Италија која се вози на легендарната патека „Монца“.

