Макс Верстапен за време на паузата во Формула 1 реши да набави нов автомобил, неговиот избор падна на Ферари Монца СП2.
Пилотот на Ред Бул ќе мора добро да плати, бидејќи проценетата цена на спортскиот автомобил е 1,6 милиони евра. Верстапен не е првата славна личност што ја купи популарната Монца СП2. Претходно, шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ стана сопственик на сличен спортски автомобил.
Макс Верстапен веќе направи нарачка, сега може само да почека додека неговиот нов автомобил не биде испорачан од Маранело во Монако. Монца СП2 е придвижуван од 6,5-литарски V12 мотор со 810 коњски сили.
Верстапен е во Формула 1 од 2015 година. За пет сезони, тој успеа да освои 948 поени, 31 пат се искачи на подиумот и освои 8 трки.