Лидери на 15 држави ќе присуствуваат на свечената церемонија на отворање на Олимписките игри во Токио. Меѓу нив ќе бидат Претседателот на Франција, Емануел Макрон и првата дама на САД, Џил Бајден.
Севкупно, бројката ќе биде е драстично помала во однос на претходните игри во Рио де Жанеиро во 2016 година поради пандемијата со Ковид-19 и строгите протоколи.
Високиот претставник на јапонската влада, Кацунобу Като, изјави дека се очекува и доаѓање на 70 високи официјални лица додека бројката на ВИП гостите кои ќе присуствуваат на свечената церемонија ќе остане непозната до последен момент.