Кошаркарот на Филаделфија Маркел Фулц стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата која успеа да реализира трипл-дабл на меч од регуларната сезона. Во последниот натпревар од регуларната сезона со Милвоки Бакс кој неговиот тим го доби со 130: 95, Фулц успеа да реализира 13 поени, 10 скока и 10 асистенции.
Фулц до трипл-дабл ефектот стигна на возраст од 19 години и 317 дена. Така, тој го урна рекордот што го постави кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лонзо Бол, во ноември минатата година. Вреди да се напомене дека пред почетокот на тековната сезона, овој рекорд му припаѓаше на Леброн Џејмс .