Возачот на „Репсол Хонда“, Марк Маркез, по 19 месеци се израдува на победа во Мото ГП шампионатот и тоа на трката за Големата награда на Германија.
Тој на отворањето на минатата сезона претрпе скршеница на надлактицата и девет месеци беше надвор од патеката. Осумкратниот светски шампион денеска триумфираше на патеката – „Сахсенринг со што ја забележа 57-та победа во Саксонија или вкупно 83-та во кариерата.
Мигел Оливеира од „КТМ Рејсинг“ заврши втор додека возачот на „Јамаха“, Фабио Квартараро се најде на третото место на подиумот. Квартараро води во генералниот пласман со 131 бод . ГП сезоната ќе продолжи наредниот викенд во Асен со трката за ГН на Холандија.