Мото-тимот на Дукати објави дека Марк Маркез успешно ги претрпел двете операции.
Во саботата, Шпанецот ја скрши петтата метатарзална коска на десното стапало на Француското Гран При, што го принуди да се повлече од трката во недела. Тој исто така ќе ја пропушти и трката за ГН на Каталонија следниот викенд.
Во Мадрид, Маркез беше подложен на операција на стапалото, при што фрактурата била стабилизирана. Истовремено, тој беше подложен на закажана операција на десното рамо. Втората операција беше поради повторување на болката од стари повреди по падот на Големата награда на Индонезија. Лекарите отстранија два шрафа и фрагмент од коска од претходната операција, кои беа поместени и компресираа нерв.

