Поранешниот Формула 1 возач Фелипе Маса, изјави, дека нема ништо чудно околу слабите резултати на Ферари во последниве години.
Во изминатите десет сезони, Ферари често го заземаше второто или третото место во шампионатот за конструктори а во сезоната 2020 падна на шестата позиција.
„Не би рекол дека сум изненаден од резултатите на Ферари. На крајот на краиштата, најдобрите години на Ферари беа во ерата на Михаел Шумахер а потоа и во 2006, 2007, 2008 година. По 2009 година, Ферари престана да биде главен фаворит“ – потенцира Маса.