Возачот на Хаас, Никита Мазепин, кој доби отказ пред почетокот на сезоната го тужеше американскиот тим во Формула 1 за неисплатени средства.
Русинот беше избркан од тимот по стартот на инвазијата на неговата земја кон Украина. Со него замина и главниот спонзор на тимот – компанијата на неговиот татко.
Мазепин сега на суд бара неисплатени плати и го опиша однесувањето на шефовите на Хаас како „криминално“.