Ф1 тимот Мекларен објави дека нафтената компанија Галф ќе го спонзорирара нивниот тим. Логото на Галф ќе се појави на болидите на Мекларен овој викенд на британското гран-при.
Ќе бидат присутни и на комбинезоните на возачите и механичарите. Мекларен и Галф прв пат склучија договор уште во 1968 година. Тимот и компанијата беа партнери во натпреварите за трки на спортски автомобили во Формула 1 до 1973 година.
„Со задоволство го поздравуваме враќањето на Галф во Мекларен и го обновуваме партнерството помеѓу два големи бренда. Галф е дел од историјата на Мекларен и е добро признат во иновации и техничка извонредност во индустријата што е совршен партнер за Мекларен. Со нетрпение очекуваме да започнеме со партнерството“, рече извршниот директор на тимот, Зак Браун .