Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Микаела Шифрин дојде до 100-та победа во Светскиот куп
    Меѓународен микс

    Микаела Шифрин дојде до 100-та победа во Светскиот куп

    risteBy riste23/02/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Американската скијачка Микаела Шифрин и понатами продолжува да испишува историја во овој спорт откако победи на слаломот што во рамки на Светскиот куп се одржа во Сестриере, Италија.

    Шифрин победи со време 1:50.33 минути, додека второто место и припадна на хрватската скијачка Зринка Љутиќ со заостанување од 0,61 секунди. Американката Пола Молкан беше трета со заостанување од 0,64 секунди.

    Со оваа победа Шифрин го забележа 100. триумф во Светскиот куп и 63. во слалом, во кој го држи рекордот за најмногу победи и го израмни и рекордот на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк по број на пласмани на подиумот (155) во двете конкуренции.

    Водечка во генералниот пласман и натаму е Италијанката Федерика Брињоне со 999 бодови, второпласирана е Швајцарка Лара Гут-Бехрами. Љутиќ е трета со 753 бодови, додека Шифрин е на 15. место со 377 бодови.

    Следната станица во Светскиот куп е во Квитфјел, Норвешка каде се вози спуст.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.