Одличната Микаела Шифрин го обезбеди малиот кристален глобус во дисциплината слалом од Светскиот куп во алпско скијање по деветти пат во кариерата со доминантна победа во Шпиндлерув Млин (Чешка).
За неа, тоа беше седма победа во осум слаломи оваа сезона и секако беше најдобра од сите. Американката обезбеди победа со вкупен резултат од 1:37,59, а зад себе ја остави актуелната светска шампионка Камил Раст (Швајцарија) за 1,67 секунди. На подиумот место имаше и за третопласираната Ема Ајхер (Германија).

Така, пред последните два слалома во сезоната, Шифрин го предводи пласманот во дисциплината со предност од 680 поени и водство од 288 пред Раст, која беше единствената што успеа да ѝ украде една победа, триумфирајќи во Крањска Гора (Словенија) на почетокот на месецот.
Во генералниот пласман за Светскиот куп, лидер е повторно Шифрин, која со 1133 поени има водство од 170 пред Раст. Трета, но 449 бода зад лидеркат е Ајхер, што најавува дуел помеѓу Шифрин и Раст до крајот на сезоната од Светскиот куп за жени која продолжува следната недела во Кран Монтана, Швајцарија. Програмата вклучува спуст во петок и супер-џи во сабота, последните трки пред Олимписките игри во Милано-Кортина.

