Шампионот во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, го објави своето повлекување од професионалниот мотоспорт по последната рунда од Светското првенство во издржливост (WEC).
Трката од 8 часа во Бахреин ќе се одржи на 8 ноември.
Возачот се натпреваруваше во Формула 1 од 2000 до 2017 година за Вилијамс , Бенетон / Рено, БАР/Хонда и Мекларен, освојувајќи ја титулата во 2009 година. Во последните две години, Батон се трка со хиперавтомобили на Порше и Кадилак во WEC.
„Оваа трка ќе ми биде последна. Отсекогаш го сакав Бахреин – мислам дека е одлична патека и сакам да уживам во оваа трка максимално, бидејќи тоа ќе биде крајот на мојата професионална тркачка кариера. Моите деца имаат четири и шест години, а кога излегуваш од дома една недела, толку многу ми недостигаат – не можеш да го вратиш тоа време. Чувствувам дека многу сум пропуштил во последните неколку години, но тоа е во ред – знаев дека ќе се случи. Сепак, не сум подготвен да го правам ова уште една сезона“, изјавил 45-годишниот Британец.

