Претседател на НБА тимот, Њујорк Никс, Стив Милс, изјавил дека раководството на тимот повторно ги отвори преговорите со еден од своите најдобри кошаркари, Порзингис.
„Секако дека ги разгледуваме сите опции. Не сме уплашени од фактот дека Порзингис може да побара трејд, како Каваи Леонард. Ние со генералниот менаџер Скот Пери и агентот на играчот направивме одлична работа за враќање на довербата. Сега сме постојано во контакт со Кристапс и знаеме дека тој нема против да остане во Њујорк“, изјавил Милс.
Претходно беше објавено дека Порзингис не е во добри односи со претседателот Фил Џексон и ќе побара трејд во друг НБА тим.