Францускиот скијач Клемент Ноел оствари победа на домашната трка во Шамони, со што стана првиот Французин кој триумфирал на слалом во овој скијачки центар.
Ноел трката ја заврши со време од 1.44:47 минути, со кое стигна до трето славје во слалом сезонава и шести подиум. Зад себе гги остави Тимон Хауган од Норвешка и Адриан Пертл од Австрија.
Викторија Ребенсбург дојде до дебитантска победа во спуст трка, откако беше најбрза во Гармиш Партенкирхен. За оваа Германка ова беше 19-ти триумф во кариерата, а втор сезонски откако славеше на супервелеслаломот во Лејк Луис. Ребенсбург ја заврши трката со време од 1.41:94 мунути. Италијанката Федерика Брињоне уште еднаш беше меѓу најдобрите и ја потврди својата одлична форма, откако заври втора, додека трето место освои Естер Ледеска од Чешка.
Со новите бодови, таа дополнително го зголеми притисокот кон првопласираната Микаела Шифрин која не настапуи денес поради смртен случај во семејството.