Во пресрет на новата сезона во Формула 1, дел од актерите излегуваат со проценки околу битката за титулата. Возачот на Мекларен, Ландо Норис, потенцира дека освојувачот на пехарот од 2024, Макс Верстапен, нема да биде голем фаворит во трката за титулата.
„Мислам дека Макс нема да биде нашиот единствен ривал во 2025 година, мислам дека сите на фронтот ќе се борат за титулата“ – беше една од изјавите на Британецот.
„Со нетрпение го очекуваме почетокот“ – потенцираше Норис кој според многумина се вбројува меѓу кандидатите за шампионскиот пехар.

