Норвешка беше најбрза на биатлонската трка во мешаната штафета на Олимписките игри во Пекинг и се закити со златниот медал по големата битка со Франција и Русија. Со време од 1 час .6 минути и 45,6 секунди Норвешка се израдуваа на победата и златниот медал.
Трката помина со многу пресврти во самиот тек , бидејќи се работеше за трка од четири пати по 6 км. и четири промени во тимовите. Франција, Русија и Норвешка сепак беа водечки и се менуваа на врвот.
Последната норвешка измена, Јоханес Тингес Бо скијаше неверојатно во последните 1.000 метри и од третото место изби прв, Франција заврши како втора и освои сребро, а Русија се задоволи со бронза.