На стартот на натпреварите во атлетика за денес добивме и нов светски рекорд, втор во „кралицата на спортовите“ на Олимписките игри.
Норвежанецот Карстен Вархолм успеа да дојде до златен медал во трката на 400 метри со пречки, со време на нов светски рекорд. Тој го подобри за неверојатни 76 стотинки сопствениот најдобар резултат и сега најдоброто време во оваа дисциплина е 45.94 секунди.
Второто место го освои Американецот Рај Бенџамин кој истрча 46.17 секунди, што е 53 стотинки подобро од претходниот светски рекорд на Вархолм и доволно за сребрен медал. Бронзениот медал заврши кај Алисон дос Санто од Бразил со време 46.72 секунди.