Трката за ГН на Малезија во Мото шампионатот се сели во Италија и ќе се вози на патеката – „Мисано“ потврдија организаторите.
Се работи за лоша ситуација со корона-вирусот и никој не сака да ризикува да организира настан во Малезија.
Трката ќе се вози на 24 октомври и ќе биде претпоследна во календарот. Конечната станица за учесниците ќе биде патеката во Валенсија.