Во последните 24-часа се откриени тројца нови заболени од Ковид-19 на ЛОИ во Токио, соопштија организаторите.
Сега бројот на заразени спортисти на Игрите во главниот град на Јапонија се зголеми на 20 во последните две недели а вкупниот број на заразени во олимпиското село е 23-ри вклучувајќи и дел од персоналот.
Бројот на заразени со КОВИД-19 околу Игрите се зголеми на 198 од почетокот на месецов. Вкупно 39.209 акредитирани странски државјани пристигнаа во земјата за Игрите до 27 јули, соопштија локалните власти.