Властите во Токио објавија дека преку 270.000 тестови за Ковид-19 биле направени од 1 јули, од кои преку 120.000 на спортистите кои се дел од ЛОИ.
Во олимпиското село во последните 24 часа има 7 нови заразени што значи дека бројката меѓу Олимпијците се искачи на 18-ет.
Тука се вклучени и пет позитивни примероци на спортисти кои се подгтвувале надвор од главниот град на Јапонија пред почетокот на игрите.