Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Одермат ја потврди својата доминација и во Аделбоден
    Меѓународен микс

    Одермат ја потврди својата доминација и во Аделбоден

    risteBy riste10/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Марко Одермат ја покажа својата доминација во Светскиот куп во алпско скијање во последните години, тој спречи второ последователно изненадување во својата омилена дисциплина – велеслалом – и ја освои својата петта последователна победа во Аделбоден (Швајцарија).

    Швајцарецот направи многу силно прво возење, а потоа водеше со цели 0,49 секунди пред Лукас Пињеиро Бротен (Бразил), кој го освои второто место. Трет заврши Лео Анџено (Франција) со +0,68 секунди за Одермат

    Со денешната победа, неговата шеста во сезоната, Одермат го зголеми своето водство на врвот од генералниот пласман, со 955 поени и води со цели 467 пред Пињеиро Бротен. Трет, 504 поени зад лидерот, е Марко Шварц (Австрија), кој не успеа да го заврши второто возење во Аделбоден.

    Во дисциплината велеслалом, Одермат го врати првото место од Стефан Бранштајнер (Австрија), кој исто така отпадна во второто возење денес. Во борбата за малиот кристален глобус, Одермат е лидер со 400 поени и водство од 95 пред Бернштајнер, а трет со дефицит од 131 поен е повторно Шварц.

    Светскиот куп во алпско скијање за мажи продолжува утре со класичниот слалом во Аделбоден, чиј старт е закажан во 10.30 и 13.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.