Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Одермат победи во Аделбоден и ја продолжи доминацијата во велеслалом
    Меѓународен микс

    Одермат победи во Аделбоден и ја продолжи доминацијата во велеслалом

    risteBy riste12/01/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Швајцарскиот скијач Марко Одермат победи на денешниот велеслалом што се одржа во Аделбоден, Швајцарија и ја зголеми својата предност во оваа дисциплина, но и во вкупниот пласман во Светскиот Куп.

    Одермат победи со време од 2:27.55 минути и така ја забележа четвртата последователна победа на оваа патека. Швајцарец по првото возење беше трет, но во второто успеа да ја надополни разликата од 0.34 секунди и стигна до 42-та победа во Светскиот куп, односно 26-та во велеслалом.

    Второто место му припадна на неговиот сонародник Лоик Мејар со заостанување од 0.20 секунди. Италијанецот Лука де Алипрандини го освои третото место со 0.69 секунди заостанување зад Одермат.

    Во генералниот пласман во велеслалом, Одермат е прв со 300 бода, пред Кристоферсен со 199 бода. Одермат е прв во вкупниот пласман за Светскиот Куп со 730 бода, пред второпласираниот Кристоферсен кој има 574, додека  Мејар со 474 бода е трет.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.