Машкиот велеслалом кој требаше да се одржи денес во рамки на Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен е откажан поради лошите времеснки услови кое го зафати овој зимски скијачки центар на југот на Германија.
Според организаторите биле вложени сите напори за да биде организирана оваа трка, но силниот сбег и дожд не им дозволиле за да ја подготват патеката.
Претходно, поради лошото време беше откажан и спустот. Скијачите сега може да се префрлат на следниот предизвик, а тоа е настапо на Светското првенство во Оре – Шведска кое ќе се одржува од 4 до 14 февруари.