Формула 1 тимот на Ред Бул и Макс Верстапен ја потврдија новата соработка до 2028 година. Тоа значи дека Холанѓанецот уште долго време ќе го вози болидот на австриската екипа во Формула 1 шампионатот.
Најголемиот успех на Ред Бул и верстапен беше она што се случуваше минатата сезона, кога холандскиот пилот ја доби битката со Луис Хамилтон и ја освои шампионската титула.
„Навистина уживам што сум дел од Ред Бул, па изборот да останам до 2028 година беше лесна одлука. Го сакам овој тим и минатата година беше едноставно неверојатна. Нашата цел откако се здруживме во 2016 година беше да го освоиме шампионатот и го направивме тоа, па сега е да го задржиме број еден на болидот долгорочно“ , истакна Верстапен.
BREAKING: @Max33Verstappen stays with @redbullracing until 2028! ✍️ #F1 pic.twitter.com/XYmfAj5VPE
— Formula 1 (@F1) March 3, 2022
Во овое моменти екипите од Ф1 ги прават предсезонските тестови, а новата Ф1 сезона започнува на 20 март, кога ќе се одржи трката за ГН на Бахреин.