Австралискиот град Бризбејн ја доби организацијата на Олимписките игри во 2032 година, објави Интернационалниот олимписки комитет.
„Им благодарам на членовите на ИОК на довербата. Игрите ќе бидат во вредни и ентузијастички раце. Им гарантирам на сите спортисти дека тоа за нив ќе биде незаборавно искуство“ – изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Австралија, Џон Котс.
Градот Квинсленд беше единствениот кандидат за домаќин. Тоа ќе биде по трет пат Олимписките игри да се реализираат на петтиот континент. Претходно домаќини беа Мелбурн во 1956 година и Сиднеј во 2000 година. Ќе потсетиме дека претходно ЛОИ ќе се одржат во Париз 2024 година и во Лос Анџелес во 2028 година.