Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Олимписки вести
    Меѓународен микс

    Олимписки вести

    dinoBy dino31/07/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Лидерот на тениската АТП листа, Новак Ѓоковиќ остана без медал на ЛОИ во Токио откако во битката за бронза загуби од Пабло Карено-Буста со 2:1 во сетови (6:4, 6:7 и 6:3). На стартот на третиот сет Србинот пропушти шанса за брејк и во афектна состојба го фрли рекетот на трибините. Ѓоковиќ по поразот се повлече од мечот за бронза во мешани двојки. Тој и неговата партнерка Нина Стојановиќ требаше да играат со Ешли Барти и Џон Пирс од Австралија.

    Хрватска ја доби дерби пресметката со Србија во претпоследното коло од групната фаза на олимпискиот турнир во ватерполо. „Коцекестите“ славеа со 14:12 и го заверија второто место во групата Б со три победи додека Србија од третата позиција ќе оди во четвртфиналето

    Кошаркарската репрезентација на Италија ја совлада Нигерија со 80:71 во групата Б и на тој начин си обезбеди пласман во четвртфиналето на кошаркарскиот турнир во Токио.  Франција без проблеми го совлада Иран со 79:62 и со максимални три победи го заврши настапот во групата.

     

     

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ф1: Пожарите во Квебек не се закана за Канадското ГП

    09/06/2023

    Флорида со прва победа во финалето на НХЛ лигата

    09/06/2023

    Астон Мартин ќе се појави со подобар болид

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Атанасов гостин на Спортско радио 90.3 фм: Играчите покажаа дека се професионалци, ова беше посебно искуство
    • Калин без борба до полуфинале на Фјучрсот во Скопје
    • Штипјани на 26 јуни ги почнуваат подготовките за новата сезона
    • Лацио ги договори Берарди, се чека „амин“ од Сасуоло
    • Ливерпул го договорил и второто засилување
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.