Тениските мечеви на Олимписките игри во Токио од утре ќе бидат преместени во попладневните часови со цел да се заштитат играчите од високите температури. Тие ќе започнуваат од 15 часот по јапонско време или од осум часот по средноевропско време.Како главна причини за оваа одлкука се наведени високите температури и големата влажност на воздухот кои го загрозуваат здравјето на тенисерите и тенисерките.
Жијонг Ши во категоријата до 73 килограми во кревање тегови го освои златниот медал со подигнати 364 килограми со што го поправи сопствениот светски рекорд . Сребрениот медал го освои натпреварувачот од Венецуела, Перни Мајора а бронзениот Рахмат Абдулах од Индонезија
Најдобрата светска гимнастичарка и една од најголемите ѕвезди на Летните олимписки игри во Токио, Американката Симон Бејлс, по прескокот во екипна конкуренција, излезе од теренот и замина во соблекувалната за по неколку минути да се врати, да ги прегрне колегите и да го најави повлекувањето од натпреварувањето. Бејлс на Олимписките игри има освоено четири златни медали, сребро и бронза.