Кошаркарите на Србија забележаа уште две победи и обезбедија пласман во полуфиналето на машкиот турнир во 3х3. Србите најпрво ја елиминираа Јапонија со 21:11 а потоа ја совладаа Летонија со 22:16. Нашите соседи ќе одморат едно коло и ќе го чекаат противникот во полуфиналето.
Олимписките женски хокеарски репрезентации на Холандија и Германија остануваат на врвот во групата А, во која се вклучени сите медалисти од Игрите во Рио пред пет години. Двете земји се изедначени со шест бодови додека олимпискиот шампион Велика Британија е на третото место по поразот од Германија.
Максим Храмцов го победи Салех Ал-Шарабати (Јордан) со 20-9 во финалето до 80 килограми во таеквондо и ја освои четвртата титула за Рускиот олимписки комитет во Токио. Тој обезбеди пет поени во првата третина со удари по телото и главата а во втората доби уште два пенала од противникот.